Број на текстови објавени денес: 46

Емили Ратајковски со голо тело протестира против Трамп, но фотографијата ја отстрани ФОТО

emilyratakovksiphoto7

И манекенката Емили Ратајковски се огласи по повод изборот на Доналд Трамп за претседател на Америка.

Емили ратајковски објави провокативна фотографија од своето голо тело на Инстаграм со коментар: Мое тело, мој избор, алудирајќи на правото на жените на абортус кој Доналд Трамп го критикуваше во текот на кампањата. Додека Хилари Клинтон се борела за правото на безбеден прекин на бременоста кој треба да биде загарантиран за секоја жена, како на хартија така и во праксата, Трамп во еден момент сметал дека жената која тоа ќе го направи на некој начин треба да биде казнета.

Емили е само уште една позната личност во низата која против новоизбраниот претседател на Америка. додека едни поради политички причини го поддржаа нејзиниот „протест“ други тврдат дека само нашла нов повод да се соблече, бидејќи манекенката е позната по своите разголени фотографии.

Како и да е, Емили набрзо ја отстранила фотографијата, бидејќи сметала дека нејзината порака не е адекватно сфатена.