Број на текстови објавени денес: 70

ЕК ја зголеми прогнозата за раст на економијата на еврозоната

eu36

Европската комисија ја зголеми проценката за стопанскиот раст на еврозоната за тековната година, но ја намали проекцијата за идната година.

Економскиот раст на еврозоната, според проценките на Комисијата, оваа година ќе досгитне 1,7 отсто, а идната година ќе успори на 1,6 отсто.

Како причина за намалување на проекцијата за 2017 година, Комисијата наведе нови предизвици со кои е соочена економијата на еврозоната, како што се Брегзитот и зголемената волатилност.