Број на текстови објавени денес: 50

ЕК: Даноците во Грција достогнаа рекордни нивоа

dano

Европската комисија објави извештај во кој стои дека даноците на Грците годинава достигнале рекордно ниво од 65,7 милијарди евра од 64 милијарди во 2015 година.

Цитирајќи го извештајот на ЕК, грчките медиуми информираат дека даночните оптоварувања во Грција годинава се зголемиле до 37,6 отсто од бруто домашниот производ во однос на 36,4 отсто од БДП минатата година и 35,5 отсто од БДП во 2014 година.

Се смета дека сето ова се должи на спроведувањето на мерките за штедење во рамките на третата финансиска спасувачка програма. Се очекува во 2017 година даночните оптоварувања да скокнат до 67,9 милијарди евра и до 69,6 милијарди во 2018 година.

Еврокомисијата потсетува дека од 1 јануари 2017 година започнува примената на нови мерки што ќе предизвика зголемување на даноците и акцизите на горива, цигари, кафе, телефони, ДДВ на островите и други.