Број на текстови објавени денес: 0

ЕКСКЛУЗИВНО: СВЕДОШТВО ЗА ЗВАЊЕТО НА ОЛИВЕР АНДОНОВ!

%d0%be%d0%bb%d0%b8%d0%b2

Со овие зборови (ВИ ПИШУВАМ ДОЛГО ПИСМО, ЗОШТО НЕМАМ ВРЕМЕ ЗА КРАТКО) му се обрати еден член од комисијата на кандидатот за одбрана на докторскиот труд на сегашниот дополнителен заменик министер за внатрешни работи – ОЛИВЕР АНДОНОВ на институтот за безбедност одбрана и мир на Филозовскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во 2010-та година со кое се стекна со звање доктор по мир и развој, дознава Centarnews.net

Споменатиот член на рецензионата комисија ќе се препознае во цитатот, а за мајтапењето на присутните гости после овие зборови, сеуште се раскажува во универзитетските кулоари. Веројатно овие детали не ги слушнал ниту лидерот на ВМРО-ДПМНЕ досега, а требало да се распраша помеѓу вмровските кадри од Крива Паланка од тандемот на Арсенчо, кои го протежираат Андонов за позиции кои никогаш, ниту на сон неможе да ги види.

Што кажува пак мислата на членот на рецензионата комисија, може да се елаборира на широко, а за упатените тоа е оцена за квалитетот на набрзина собраниот материјал за докторската дисертација и нејзиното набрзина бранење.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи – Оливер Андонов, за првпат стана доцент на МИТ – Универзитетот и од таму ја почна својата академска кариера, затоа што за другите универзитети за него вратите беа затворени. Колку и да сака да ги негира овие факти, вистината е една. И никој не би му го направил тоа на МИТ – Универзитетот што му го стори Андонов. Да се изживува врз жена сопственик, жена која му дала рака и од која 4 години го хранел своето семејство. И тоа од позиција на функционер на ВМРО-ДПМНЕ. Веројатно и овие негови планови не ги знаел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ до сега, затоа што веруваме дека тој пред него се појавил во едно друго светло. Однесувањето кое е специфично за лицата со психијатриска дијагноза.

Во овој момент очекуваме психијатриско мислење од лекарски тим, вештачење на боледувањето со психијатриска дијагноза и одговорност на докторот кој ја потпишал дијагнозата, ќе ви презентираме неколку фотографии со физички знаци од дополнителниот заменик министер за внатрешни работи – Оливер Андонов, кој упатуваат на опасноста дека можеби истиот имал повеќе лица, што е предмет на интерес на медицината.

Извор Centarnews.net