Број на текстови објавени денес: 46

Еко герила: Денеска истекува рокот за „Југохром“, а нема ниту Ф од филтрите ВИДЕО

%d1%84%d0%b8%d0%bb%d1%82

Невладината организација Еко герила денеска објави видео-материјал во врска со истекувањето на рокот за вградување на еколошки филтри во „Југохром“, како и за сите ветувања од Владата и од претставниците на фабриката.

– Денес истекува рокот кој пред две години Владата на Република Македонија ја одреди на фабриката „Југохром“, со надеж дека ќе се прилагоди со еколошките стандарди и со гаранција дека од утредента „Југохром“ ќе работела со филтри.  „Југохром“ имаше повеќе од две години да го реши овој проблем, бидејќи Законот кој бара да се постават филтри во фабриките постои од 2005 година.
Фактот што „Југохром“ ги злоупотреби сите досегашни рокови и проаѓа неказнето од Министерството за екологија и Владата, фактот што Јавното обвинителството на Тетово, не прифатило да процесира ниту една кривична тужба против овој загадувач, како и молчењето на многу институции за овој проблем, ни ја губи надежта дека проблемот со згадувањето со кој се соочуваат граѓаните на Тетово ќе се реши – истакнаа од Еко герила.

Од таму реагираат дека на терен не виделе ниту Ф од филтрите, па оттука, секој обид да се даде друг рок на овој загадувач, велат, дава сериозни сомнежи за голема корумпирана афера, во која можно е да се вклучени двете владејачки партии.

– Бараме само да се почитува Уставот на РМ, што многу јасно го одредува основното право за чиста животна средина. Ниту една владина одлука не треба да биде над Уставот. Нулта толеранција, здравјето на граѓаните пред сè – порачаа од невладината оргнизација.