Број на текстови објавени денес: 70

Економски промотори: Големи трошоци, мали резултати

promotori-naslovna

Трошоците за економските промотори низ светот, според познавачите на состојбите, се „пари фрлени во ветер“. Освен промоторите, од 2008 година, дури петмина членови во владиниот kабинет во Македонија се задолжени за катадневните контакти со корпорации и фирми низ светот. Сепак, Еуростат вели дека нивото на странските инвестиции во Босна и Херцеговина и Македонија во 2014 година е на исто ниво како во 2004-та година, за разлика од останатите земји на регионот каде има зголемување од три до седум пати
Кога првиот економски промотор Димче Николов беше пратен во Италија, надежта дека земјата конечно ќе стане привлечна дестинација за инвестиции беше голема. Кон крајот на јануари 2008 година се забележаа првите контакти на Николов со италијански компании, каде тој се обидел да ги убеди инвеститорите дека Македонија е пријателски настроена кон странскиот капитал.

Денеска Македонија брои 33 економски промотори кои се распространети низ поразвиените земји и региони на светот, и истите државата ги плаќа од 2.500 до 3.000 евра месечно. Во целиот систем за привлекување на странски инвестиции се ангажирани 200 вработени, пет министри или вкупно 12 владини функционери.

Сепак, земјата сеуште е на дното на листата на земјите од регионот според странски директни инвестиции. Во извештајот на Еуростат за финансиските перформанси на земјите аспиранти за членство во Европската унија, се вели дека нивото на странските инвестиции во Босна и Херцеговина и Македонија во 2014 година е на исто ниво како во 2004-та година, се вели во анализата на Скуп.