Број на текстови објавени денес: 62

Економската платформа на СКСЗМ прифатлива за Алијансата за Албанците

%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%be%d1%80%d0%b0

Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) денеска ја презентираше својата Економска платформа пред претставници на Алијансата за Албанците.

Како што изјави претседателот на Комората Неби Хоџа, транспарентност и отчетност, откажување од митот „евтина работна сила“, раст на БДП преку четири отсто во следните четири години, намалување на стапката на невработеност и на нееднаквиот регионален економски развој, се клучните барања содржани во Платформата на СКСЗМ.

– Бараме од сите политички партии, особено од идната влада, да ги имплементира нашите предлози и со тоа заедно да придонесеме за креирање политичка платформа која ќе овозможи побрзо и подинамично решавање на предизвиците – изјави Хоџа по средбата.

Зијадин Села од коaлиcијата Aлијанса за Албанците, нагласи дека ќе се залагаат за целосна рамноправност и во економската сфера.

– Целта на нашата заложба за рамноправност меѓу двете заедници е подобар живот во Македонија и стабилност, а тоа не е можно без добра економија. Алијансата се залага и за рамноправен регионален развој, за делење на буџетот по локални критериуми, за еднаков развој на општините – рече Села.

Алијансата за Албанците, како што изјавија и останатите членови на оваа коалиција, ќе се залага и за целосна финансиска децентрализација, но и за рамноправна распределба не субвенциите, било да се за земјоделците или за компаниите.

– Наша цел е да воспоставиме синхронизација на базата, а тоа е економијата со суперструктурата, институциите и власта – рече Гзим Острени.

СКСЗМ минатата недела ја претстави Економската платформа пред СДСМ.