Број на текстови објавени денес: 70

Европскиот парламент бара од УКИП и партнерите да вратат злоупотребени 172.000 евра

e-parlament-zgrada

Лидерите на Европскиот парламент и порачаа денеска на Партијата за независност на Обединетото Кралство (УКИП) на Најџел Фараж и неговите европски партнери дека до 21 декември мораат да вратат повеќе од 172.000 евра, кои ги злоупотребиле од фондовите на ЕУ.

Во писмото, испратено на адесата на Алијансата за директна демократија во Европа (АДДЕ), во која УКИП е најистакнат член, лидерите на ЕП тврдат дека неадекватно се потрошени 500.615 евра.

Тие наведоа дека 172.655 евра мора да бидат вратени, како и дека нема да бидат проследени 248.345 евра кои беа претходно ветени од ЕУ грантовите.

Претседателот на УКИП, Најџел Фараж минатата недела бурно реагираше на обвинението дека партијата злоупотребувала