Број на текстови објавени денес: 0

Еврокомесарот Ојтингер обвинет за расизам и хомофобични изјави

%d0%be%d1%98%d1%82%d0%b8

Германскиот еврокомесар Гинтер Ојтингер, кој сега е одговорен за дигитална економија, а наскоро од Бугарката Кристалина Георгиева треба да го преземе и ресорот финансии, предизвика силни реакции во германската јавност по изјавите од кои погодени се најдоа Азијците и хомосексуалците.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, обвинувањата против Ојтингер за расизам и дискриминација доаѓаат по минатонеделниот негов говор во Хамбург, каде пред бизнисмени го употребил зборот „Schlitzaugen“ – „Косооки“. Покрај изјавата со која ги навредил Кинезите и генерално Азијцуте, зборувајќи за актуелните политики во Германија, тој ги дискриминираше и припадниците на сексуалните малцинства.

Ојтингер говорејќи за породилното одсуство, пензионирањето и детскиот додаток, цинично дополни дека „наскоро ќе биде воведен и задолжителен хомосексуален брак“ што предизвика смеа во публиката.

Поради своите коментари, еврокомесарот е на удар на германската Федерација на лезбејки и хомосексуалци, партијата Зелени и членови на социјалдемократитите, кои бараат од него да поднесе оставка.

Ојтингер, кој е дел од највисокото раководство на Хриситјанско демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел, преку весникот „Ди Велт“ побара да се види контекстот на неговиот говор и се извини за своите забелешки, негирајќи дека имал намера да ги навреди Кинезите и хомосексуалците.