Број на текстови објавени денес: 65

Друштвата „Тутун“ и „Цигари“ се спојуваат кон „Тутунски комбинат“ Прилеп

%d1%82%d1%83%d1%82%d1%83%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b83

Друштвата „Тутунски комбинат -Тутун“ и „Тутунски комбинат Цигари“ од денеска припојуваат кој „Тутунскиот комбинат“ Прилеп.

Собранието на акционери на „Тутунски комбинат“ вчера донесе одлука за спојување на овие друштва.

Според објавата на сајтот на Македонска берза, по оваа одлука следи регистрација на промената во Централниот регистар, по што Друштвата што се присоединуваат ќе престанат да постојат како правни лица без да се спроведе ликвидација, а целокупниот имот и обврски ќе преминат на „Тутунски комбинат“.

Собранието на акционери на вчерашната седница донесе одлука и за искористување на добивката на „Тутунски комбинат- Цигари“ дооел во износ од 54.018.981 денар (околу 878 илјади евра) за покривање на загубите на Друштвото од претходните години.