Број на текстови објавени денес: 0

Драма во полициската станица во Ранковце

rankovce

Откако денеска високи функционери на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Ранковце, заедно со вработени во граничната и шумската полиција, вербално и физички нападнаа шеф на изборен штаб на СДСМ и истиот настан бил документиран со фото и видео материјал и предаден до внатрешната контрола на МВР, екипа од инспектори од Куманово биле испратени да го истражат случајот.

Во моментов во полициската станица во Ранковце покрај инспекторите кои си ја вршат работата, е и речиси цело раководство на ВМРО-ДПМНЕ од Ранковце но и од Крива Паланка, дознава порталот Доказ. Порталот тврди дека се вршат притисоци врз командирот и останатите, да остане неказнет припадникот на граничната полиција, кој законски не смее да учествува во изборна кампања ниту да агитира, а е фатен како го прави токму спротивното и го очекува суспендирање од работното место