Број на текстови објавени денес: 49

Дочек на Нова година со Џастин Бибер чини 22.000 евра

%d0%b4%d0%b7%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bd

Канадскиот пејач Џастин Бибер закажал настап во Мајами за дочекот на Новата година, а освен приликата со поп-ѕвездата да влезат во 2017 година, на фановите со подлабок џеб им се нуди уште една поволност.

Имено, организаторите на дочекот на Новата година пуштија во оптек десет ВИП карти коишто чинат 22.000 евра, а во цената влегуваат специјални поволности.

Оние коишто ќе ги купат ВИП картите ќе го запознаат Џастин Бибер, но ќе добијат и најдобри места на концертот. Исто така, десетте најсреќни фанови пет дена ќе престојуваат во луксузниот пентхаус Fontainebleau’s Sorrento. Освен тоа во пакет оди и храната којашто екипата ќе ја посака, на располагање ќе имаат автомобил и јахта, секаков пијалак, па дури и шампањско кое чини 6.000 евра.