Број на текстови објавени денес: 70

Доставени листите на ПДП, ЛП, Левица и Коалицијата за промени и правда

%d0%b8%d0%b7%d0%b1%d0%be%d1%80%d0%b84

Државната изборна комисија соопшти дека до  20 часот кандидатски листи за претстојните предвремени парламентарни избори поднеле партиите ПДП, ЛП, Левица и Коалицијата за промени и правда.

Според изборните документи, рокот за поднесување на кандидатските листи за изборите на 11 декември истекува  на полноќ.

Кандидатските листи треба да бидат разгледани и потврдени од членовите на ДИК во рок од 48 часа од моментот на доставувањето односно до недела на полноќ. Доколку се констатираат неправилности учесниците во изборите треба да ги отстранат во рок од 48 часа. Жребувањето за редоследот на листите треба да се одржи на 20 ноември.

Истовремено на полноќ завршуваат и роковите за јавниот увид во Избирачкиот список, за пријавување на државјаните на Република Македонија за гласање во странство и за обновување на избирачкото право на лицата со спорни записи по последните теренски и административни проверки на Избирачкиот список.