Број на текстови објавени денес: 46

Дописник на грчки медиум од САД изјави дека изборите се личен пораз на семејството Клинтон

usa-clintonovi1

За американскиот народ, семејството Клинтон се смета за корумпирано, изјави дописникот на грчките медиуми во САД Михаил Игнатиу за радиото на грчката државна новинска агенција АНА-МПА „Практорио 104,9 ФМ“.

Тој додаде дека негативно влијание имаше и контроверзноста околу личните и-мејлови на Клинтон, што претставува повреда на националната безбедност.

Игнатиу истакна дека Хилари Клинтон и нејзиниот тим не зеле предвид дека се развило движење против естаблишментот.