Број на текстови објавени денес: 70

Доналд Трамп сака сарма и јаде од тенџере

%d0%b1%d0%b0%d0%ba%d0%b0-%d0%bc%d0%b8%d0%bb%d0%ba%d0%b0

Милка Милисављевиќ ги чувала двајцата  синови на Доналд Трамп  од бракот со Ивана. Оваа Белгаѓанка поминала осум години во домот на семејството Трамп и вели дека тој ја гледал речиси како член на смејството, поради што и таа се чувствувала кај нив како во свој дом.

„Ги чував синовите Доналд Џуниор и Ерик. Добро плаќаше, беше дарежлив. И замислете, за секој роденден ми даваше по илјада долари. Многу би сакала повторно да ги сретнам“. Вели дека Доналд бил особено внимателен кон своите наследници и се трудел да им посвети време, колку што може:

„Кога ќе дојдеше дома веднаш ги гушкаше децата. Сакаше да ги држи во скут и така да зборува со нив. Имаше обичај да ги испрашува како го поминале денот, но и да ги испрашува за мене. Не си играше многу со децата, повеќе сакаше да зборува со нив“, раскажува баба Милка за српските медиуми, кои ја пронајдоа старицата во белградската населба Гроцка.

Баба Милка открива и дека Трамп не бил многу пребирлив кога станува збор за храната:
Јадеше што било, ќе најдеше во кујната тенџере со шпагети и јадеше директно од него неколку залчиња. Многу сакаше сарми, полнети пиперки. Но никогаш не пиеше, освен некој сок од домати или пак млеко. На една роденденска забава, на која беше присутен и претседателот Реган, Доналд пиеше само сок од домати.

На крајот, баба Милка ја кометира и сегашната сопруга на Трамп.
„ Меланија ми делува како добра и умна девојка. Но мене Доналд ми е поубав од Мели, морам тоа да го кажам, па таа нека се лути. Тој е маж каков посакува секоја жена“, заклучува баба Милка Милисављевиќ.