Број на текстови објавени денес: 0

Доналд Трамп веќе урна една валута

mexico-pesos-vo-odnos-na-dolar

Мексиканскиот пезос се стрмоглави откако Доналд Трамп ја победи Хилари Клинтон и стана новоизбран претседател на САД, јавуваат агенциите.

Трамп победи и предизвика хаос на берзите ширум светот.

Мексиканската валута забележи рекордно ниско ниво во однос на доларот, стравувајќи дека победата на Трамп силно ќе ја погоди економијата на земјата. Падот на пезосот од 13 проценти во паничата реакција го турна под 20 за еден на доларот.

Мексико ќе треба да ги зголеми каматните стапки, со цел да се стабилизира валутата бидејќи постои можност Трамп да ги исполни изборните ветувања и да изгради ѕид на границата со Мексико.