Број на текстови објавени денес: 0

Документарец за Принс во 2017

prins7

„Prince: R U Listening?“ e документарецот за легендарниот музичар кој ќе излезе во 2017 година, а во кој ќе може да се видат негови колеги и пријатели како Били Ајдол, Лени Кравиц, Боно и Мик Џегер.

Новиот документарец ќе се фокусира на раните години и надмоќта на уметникот преку коментари од музичари кои свиреле со него, како и од неговите пријатели и семејството.

Во филмот ќе бидат прикажани и интервјуа со Дез Дикерсон, кој се приклучи на бендот на Принс во 1979, а ја напушти групата после „Турнејата 1999“ и со Андре Симон, басист на Принс од 70-те во тинејџерската група „Гранд Централ“.

Документарецот ќе опфати и разговори со пријатели и обожаватели на Принс, меѓу кои Мик Џегер, Били Ајдол, Боно и Лени Кравиц.