Број на текстови објавени денес: 0

Дождот ја запре жетвата на ориз

%d0%be%d1%80%d0%b8%d0%b7-%d0%b6%d0%b5%d1%82%d0%b2%d0%b0

Обилните врнежи дожд,ја одложи жетвата на оризот во Кочанско. Според информациите од подрачната единица на министерството за змејодлество дадени за МИА, од насеаните 4.310 хектари, досега се ожнеани 2.745 или 64 отсто. Од нив, 385 хектари кај земјоделските претпријатија и 2.360 кај индивидуалните производители. Просечните приноси по единица површина се од 4.680 килограми (кај индивидуалните производители) до 4.750 килограми (кај земјоделските претпријатија).

Проценките се дека, од досегашните жетвени активности се добиени 18.068 тони оризова арпа од кои 1.828 тони кај земјоделските претпријатија и 16.239 кај производителите.

Во општина Кочани се регистрирани 16 субјекти за откуп на ориз. Од нив во откупот се вклучени 12 кои склучиле договор со 2.456 производители. Моментно, просечната откупна цена на арпата е 18 денари за килограм.

Оризопроизводителите има уште 3.000 тони непродадена оризова арпа, во залиха.