Број на текстови објавени денес: 46

Додека Бајрам ги засмејува, 8.000 жени немаат гинеколог во Шутка

sdsm-14

Последниот немил настан во кој почина трудница во Штип за жал уште еднаш потврди дека здравството водено од ВМРО-ДПМНЕ во последните десет години стана едно од најсмртоносните во Европа, реагира СДСМ.

„Условите во здравството водено од Никола Тодоров, кој по професија е послушник и соработник на Никола Груевски, години наназад се најлоши во Европа. Македонија има најголем број на смртност кај новороденчиња и таа е три пати поголема од европскиот просек.
Додека ги полнеа паролите секој да има трето дете, ги празнеа буџетите во здравството грижејќи се единствено за богатење на мала група луѓе. Нивниот коруптивен начин на владеење направи жените во дури 40 општини да немаат матичен гинеколог. Во цели градови како Ресен, Крушево, Валандово и Крива Паланка не се вршат породувања во болниците. Додека се смеат на шегите на нивниот коалиционен партнер Амди Бајрам, во неговата општина каде што влеадее неговиот син, во Шуто Оризари, дури 8.000 жени се оставени без матични гинеколози. Неможејќи да ги поднесат реформите на Груевски и Тодоров секоја година над 200 доктори неповратно ја напуштаат Македонија“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Оттаму истакнуваат дека Груевски и Тодоров десет години ги казнуваа граѓаните со здравство кое убива. Десет години го малтретираа здравствените работници, им забрануваа протести, ги казнуваа, ги притвораа ги натераа да си заминат од своите домови. Но за дваесеттина дена граѓаните предводени токму од докторите ќе ја испорачаат казната до Груевски и Тодоров, за никогаш да не дозволат некој Груевски или Тодоров да решаваат кој ќе живее а кој ќе умира.