Број на текстови објавени денес: 12

Добротворниот дух живее во Мјанмар, Шри Ланка, САД и Нов Зеланд

budisti
Мјанмар, САД, Австралија, Нов Зеланд и Шри Ланка се петте највисоко рангирани земји во извештајот на Галуп за Глобална граѓанска ангажираност во 2016.

Според извештајот, од 7,4 милијарди луѓе во светот, 1,4 милијарди донираат пари за добротворни цели, милијарда луѓе волонтираат, а 2,2 милијарди им помагаат на непознати лица. Истражување било спроведено меѓу повеќе од 140.000 луѓе во 140 земји.

Добротворниот дух е најкарактеристичен за будистичките земји Бурма и Шри Ланка, како и во САД, Австралија и Нов Зеланд. Но, се смета дека културата на помагање е повеќе поврзана со цивилната ангажираност, отколку со религијата.

Од БиБиСи разговарале со луѓе во земјите кои најдобро котираат во извештајот. Докторка од Мјанмар на пример, објансила како концептот на карма игра улога во дарежливоста.

„Секое добро дело што ќе го направи будист ја осигурива неговата следна инкарнација и тој ќе има подобар живот“, објаснила докторката.

Начинот на помагање во американската култура пак се разликува во зависност од тоа дали се работи за рурална област, приградска или урбана средина. Жена по потекло од Небраска објаснила дека во Вашингтон има многу невладини и непрофитни организации, но како човек оди кон преградијата ќе се наиде на луѓе кои велат дека немаат поим како да волонтираат.

Во Австралија, бележи БиБиСи, суштински дел од културата е секој да има еднаква шанса за успех, додека како жители на мало место, луѓето во Нов Зеланд имаат традиција да се грижат за своите соседи.

Слично на Мјнанмар, филантропијата е цврсто врзана со религијата. Најголем дел од луѓето во Шри Ланка се будисти и Хиндуси, а и двете религии проповедаат добротворни дела и делење со другите на она што човек го има.