Број на текстови објавени денес: 9

Доаѓа студен бран, од утре дожд и силен ветер

dozd17

Од утре подрачјето на Македонија ќе потпадне под влијание на засилено јужно воздушно струење и на топла и влажна воздушна маса, кои во наредните денови ќе условат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Утре во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој во северозападните делови на моменти ќе достигнува брзина над 60 километри на час. Во вечерните и ноќните часови во западните и во северните делови ќе има повремени врнежи од дожд со услови за појава на грмежи.

Пооблачно со обилни врнежи од дожд ќе биде во вторник и среда, кога на повеќе места се очекува да наврнат околу 50, а локално и над 60 л/м2 дожд.

На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме. Во овие два дена ќе дува засилен повремено и силен јужен ветер чија брзина на моменти ќе достигнува и над 70 км/ч.

Во среда кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе предизвика значително опаѓање на температурите на воздухот, поради што на планините врнежите ќе преминат во снег.