Број на текстови објавени денес: 0

Диџеј Зоки Бејбе и АРКИ од Солун в среда ќе го отворат клубот „Епицентар“

unnamed254

„Епицентар“ е подготвен да отвори нова страница на македонската електронска музичка сцена и воедно тектонски да го разниша ноќниот живот. „Епицентар“ својот фокус го има во иднината на сцената и токму затоа младите диџеи ќе имаат простор, еднаков со веќе етаблираните македонски диџеи, со што ќе им се овозможи да растат заедно со клубот и воедно да можат да го претстават како свој дом.

Селекцијата на имиња од надвор исто така ќе се движи во таа насока. Квалитетен и најнов актуелен звук кој пристига од светски диџеј имиња и продуценти. Клубот „Епицентар“ ќе имаат чест да го отворат со свои диџеј сетови диџеј Зоки Бејбе е еден од пионерите на нашата клупска сцена, кој оваа година слави 20 години од почетокот на неговата диџеј кариера и ArKI од Солун-Грција, која веке е позната на скопската публика по нејзиниот софистициран модерен звук што ја прави оваа диџејка сериозен талент.

Таа веќе има забележителни настапи на настаните на Non Aesthetics вклучувајќи го и балканскиот фестивал на современа електронска музика Reworks. Кога вратите на клубот ќе се отворат, посакуваме безкомпромисно да се чувствувате слободни и да уживате во уметноста наречена електронска музика. Клуб „Епицентар“ – Нов центар на македонската електронска сцена!