Број на текстови објавени денес: 86

Дијамантски обетки продадени на аукција за 17,6 милиони долари

dijamantski-obetki

Дијамантските обетки се продадени во аукциската куќа „Кристи“ за 17,5 милиони швајцарски франци (17,6 милиони долари), додека според проценката на стручњаците се очекувало многу повеќе – од 20 до 30 милиони швајцарски франци.

Аукциската куќа „Кристи“ ги рекламирала тие крушкасти обетки наречени „Огледало на љубовта“ (Miroir de l’Amour) како дијаманти со најголем квалитет на светот, со повеќе од 50 карати по парче.

Понудени се на продажба прексиноќа без резервирана цена, што значи дека можеле да бидат продадени за која било излицитирана сума.

Пред тоа брезлетната од рубини и дијаманти на „Ван Клиф и Арпел“ е продадена за речиси 1,31 милион долари, за двојно поголема цена од проценетата.