Број на текстови објавени денес: 18

Директор натерал цело училиште да учи Италијански јазик

cap003-1

Директорот на кавадаречкото основно училиште „Гоце Делчев“ посакал, па им наредил на учениците од 6 до 9 одделение да учат италијански јазик. За таа одлука тој немал одобрение од никого, па, поради тоа самоволие тој е осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување.

МВР извести дека 2010 до 2014 година во својство на директор на ООУ „Гоце Делчев” од Кавадарци со искористување на службената положба и овластување, дозволил да се воведено изучување на италијанскиот јазик како втор задолжителен странски јазик во паралелките од 6-то до 9-то одделение, без предходна писмена одлука од совет на родители и од училишниот одбор, иако изучувањето на овој јазик не било предвидено во наставните планови и програми изготвени од Бирото за развој на образованието и одобрени од Министерството за образование на РМ. Со своите постапки по основ на плати за вработениот наставник по италијански јазик, го оштетил државниот буџет за 760.000 денари.