Број на текстови објавени денес: 18

Директорот на Управниот одбор „Џумхуриет“ уапсен во Турција

turcija-dzumhuriet-reshetki

Турските власти денеска го уапсија директорот на Управниот одбор на опозицискиот весник „Џумхуриет“, откако девет уредници и новинари од овој весник беа уапсени минатата недела.

„Џумхуриет“ објави дека претседателот на Управниот одбор Аким Алтаи е уапсен на аеродромот во Истанбул по пристигнувањето од Германија.

Деветмина уредници и новинари, вклучувајќи го и актуелниот и главен уредник се наоѓаат во притвор и чекаат судење, а овие приведувања ја зголемија загриженоста кај западните земји поради кршењето на медиумские слободи во Турција.