Број на текстови објавени денес: 10

Димитров: Курц дојде во Скопје за да им даде поддршка на заробувачите на државата

%d0%b4%d0%b8%d0%bc%d0%b8%d1%82%d1%80%d0%be%d0%b23

Поранешниот македонски амбасадор и преговарач за името, Никола Димитров  на Фејсбук го коментираше присуството и настапот на австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, на митингот на владејачката коалицијата „За подобра Македонија“ синоќа  во Скопје.

„Европската комисија вели дека Македонија е заробена држава. Австрискиот МНР Курц дојде во Скопје за да им даде поддршка на заробувачите. Нека не ве чуди. Поддршката за проширувањето во Австрија е најниска во Европа – 71% се против. Очигледно им одговара Македонија никогаш да не им затропа на врата. Ќе поддржуваат автократи, па потоа ќе велат дека нема доволно демократија, правда и борба против организиран криминал и корупција за да почнеме преговори.
За друго им требаме. Да бидеме авторитарен, сиромашен и грд штит од бегалците, сива зона каде царува корупцијата, додека младите ни’ се селат во Европа, напиша Димитров на Фејсбук.

Австрискиот министер, иако беше претставник на сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, на собирот беше претставен и како министер за надворешни работи од неговиот македоснки колега Никола Поповски