Број на текстови објавени денес: 0

Диме Спасов на пратеничката листа?

dime-spasov5

Дополнителниот заменик министер за труд и социјала Диме Спасов ќе добие место на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, објави Телма, повикувајќи се на извори од владејачката партија.

Со овој потег, ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе сака да прикаже дека Спасов бил само жртва во сообраќајниот инцидент, дека медиумските шпекулации немаат врска со вистината и затоа е исклучено тој да да се повлече од листата.

Листите со кандидатите за пратеници мораат да ги достават до Државната изборна комисија најдоцна до утре на полноќ, а не е исклучена можноста ВМРО-ДПМНЕ да го промовира своите адути за вонредните парламентарни избори во текот на викендот.

Високи партиски извори за Телма велат дека најверојатно носителите на листите ќе останат исти како што беа предложени во мај — Груевски, Попоски, Димовски, Тодоров, Милошоски и Ѓорчев.