Број на текстови објавени денес: 70

Диме Спасов како дух – сад га видиш, сад га не видиш!

dime7

Вработени во Министерството за труд и социјална политика тврдат дека Диме Спасов не доаѓа на своето работно место, а не го виделе ниту неговиот автомобил од денот кога тој направи неколку сообраќајни прекршоци (28 октомври 2016 г.).

Но, Марјан Гиевски, портпарол на Спасов, пак, тврди дека тоа не е вистина. На прашањето на „Мета“ дали дополнителниот министер за труд и социјална политика доаѓа на работа, тој по СМС ни одговори: „Да“.

Министерството за внатрешни работи на 29 октомври годинава соопшти дека Диме Спасов предизвикал две сообраќајки со возилото марка „туарег“ и избегал, а на полицијата ѝ се пријавило некое друго лице (М.Т.), но полицијата увидела дека не ги познавало околностите и заклучила дека тоа не управувало со возилото.

По неколку дена (3 ноември) Спасов во интервју за телевизијата „Нова“, тврдеше дека тргнал од градскиот стадион „Филип Втори“ кон улицата Илинденска, потоа свртел лево кај Зоолошката градина и прописно чекал да се вклучи зелено светло. Додека чекал на семафорот, како што појасни Спасов, непознато лице се приближило до неговото возило и се обидело да ја отвори вратата од службениот „туарег“, заканувајќи му се на дополнителниот заменик-министер по неговиот живот. Поради тоа тој се обидел да побегне, по што направил неколку сообраќајни несреќи.

Истиот ден Министерството за внатрешни работи поднесе и прекршочна пријава против Спасов.

МЕТА
(насловот е редакциски)