Број на текстови објавени денес: 70

Десет природни лекови за тироидната жлезда

dr-stitna_620x0

Кога тироидата не произведува доволно свој природен хормон, настанува хипотироидизам, а тоа најчесто е последица на дисфункција на оваа жлезда сама по себе. Доколку личноста реши да ја отстрани, телото е неможно да создаде адекватни хормони, а доколку се отстрани само еден нејзин дел, ќе биде во можност уште извесно време да ги произведува во доволна количина, но со тек на времето согорува во трошењето.

Хипотироидизмот често се среќава кај жените по породувањето па затоа често се меша со постпородилна депресија. Одредени лекови исто така ја условуваат тироидната дисфункција. Иако ретко, нарушувањата на работата на питуитарната или хипоталамичките жлезди во мозокот исто така може да водат кон овој како и кон други хормонски нерамнотежи.

Што да се преземе?

– Намалете го внесот на соја. Сојата умее да ја намали функцијата на тироидата, а се покажало дека претераното консумирање на соја може да предизвика гушавост (зголемување на тироидата) кај здравите личности.

– Алкализирајте го телото! Ова најпрво е добра превентива како да не дојде до заболување на тироидата. Затоа, ослободете се од заситените масти од исхраната, бидејќи токму тие ја нарушуваат функцијата на тироидата.

– Урамнотежете го нивото на естроген во организмот.

– Доколку консумирате месо, одберете го само она што е органски произведено за да ги избегнете месата преполни со дополнителни хормони, дадени да ја зголемат тежината на стоката за продажба.

– Витаминот Б3 (нијацин), кој често се користи за намалување на нивото на холестеролот, се покажало и дека го намалува нивото на тироидните хормони.

– Гентијанот е, исто така, познат по тоа дека ја нормализира функцијата на тироидата.

– Вклучете ги во својата исхрана алгите, бидејќи се богати со јод кој на телото му е потребен за да ги произведува тироидните хормони.

– Доколку е придружен проблем депресијата, пробајте со кантарион да му помогнете на телото во кревањето на расположението.

– Земајте додаток на цинк и селен, бидејќи студите покажуваат дека нивниот поголем недостаток може да ги намали нивоата на тироидната жлезда.

– Кокосовото масло ја стимулира тироидната жлезда и секако е добар избор кај хипотиреозата.