Број на текстови објавени денес: 70

Десетмина загинати, од кои седум деца при гранатирање на западниот дел на Алепо

alepo3

Најмалку десет лица, од кои седум деца, загинаа утрово во Алепо од граната истрелана од бунтовниците врз западниот дел на градот, што е под контрола на владините сили.

Сириската државна телевизија јави дека жртвите настрадале во квартот Ал Фаркан. Меѓу жртвите се и седум деца од училиштето „Сарија Хасун“.

Сириската новинска агенција САНА јави дека во другите делови во западно Алепо, што бунтовниците редовно го гранатираат, повредени се 32 луѓе.

Сириските владини сили денеска презедоа жесток напад врз источниот дел на Алепо.