Број на текстови објавени денес: 65

Денеска треба да почне судењето за уништување на документацијата за „Тврдина“

27619golema1

Денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да почне судскиот процес за уништувањето на документација поврзана со опремата од незаконското прислушување, за што Специјалното јавно обвинителство на 15 септември, годинава поднесе обвинение против седум лица.

Првообвинет во случајот е поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, кого СЈО го товари за фалсификување службена исправа, односно за уништување на документацијата поврзната со двата системи од нелегалното прислушување. Овие системи, како што претходно информираше СЈО во случајот „Тврдина“, исто така биле уништени во текот на минатата година.

Иако обвинението за „Тврдина 2“ беше поднесено на 15 септември, судскиот процес беше закажан дури на 4 ноември бидејќи СЈО бараше изземање на судијката Лидија Петровска, кај која беше распределен предметот. Сепак, претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, го одби барањето на СЈО за изземање, а неговата одлука ја потврди и Апелацискиот суд.

Судијката Лидија Петровска беше спомената во една од „бомбите“ што лани ги објави СДСМ, во разговор воден меѓу нејзината колешка Софија Лаличиќ и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, во кој се тврди дека Петровска местото го добила со купување подароци од брендот „Сваровски“ за претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова.

На 21 ноември требаше да почне и судскиот процес за второто обвинение на СЈО, за насилствата во Општина Центар од јуни 2013 година, но судот го одложи рочиштето за 16 декември, на барање на Никола Додевски, адвокат на дел од обвинетите.

На обвинителна клупа за овој случај треба да седнат актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и уште 11 лица