Број на текстови објавени денес: 0

Девојка загина во сообраќајка во Скопје

video3

Дваесет и четири годишната Деспина П. е девојката која попладнево го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случи во населбата Гоце Делчев околу 16:30 часот.

Во несреќата учествувале автобус на ЈСП и автомобил „пежо“ кој го управувал сега починатата девојка, објави Курир.

Деспина била пренесена во Ургентниот центар каде им подлегнала на тешките повреди.

На местото на несреќата извршен е увид кој треба да ги утврди причините за сообраќајката.

Според информации од очевидци на телевизијата Нова, несреќата се случила кога на патот пред „пежото“ излегле кучиња па во обид да ги избегне, девојката преминала во спротивна лента директно удрила во автобусот.

Ова е втор случај на тешка сообраќајќа со жртви на овој пат во кратко време откако во септември на истиот пат беше прегазено 19-годишното момче Христијан Крстески.