Број на текстови објавени денес: 0

Двојниците нема да одат на избори

DIK

Сите 9 членови на ДИК гласаа денеска да бидат отфрлени изборните листи на СДПМ на Бранко Јаневски, кој истакна имиња со цел да ги збуни гласачите на опозицијата.

Субхи Јакупи рече дека недостасуваат основните документи во поднесените листи на СДПМ, за што, како што рече, има вина и правната служба на ДИК.

– Сметам дека не нѐ ставила во заблуда правната служба туку подносителот на листите. Некој ни приложил листи за кои утврдивме низа неправилности. Некој со умисла и свесно го става ДИК во ваква ситуација – рече Игор Милев.

Во сите 6 листи на СДПМ не се наведени датуми за кои избори се однесуваат кандидатурите, потписите на кандидатите во изјавите и во личните карти не се совпаѓаат, кандидат предложен за една изборна единица во изјавата стои во друга изборна единица. Во листите како датум стои 11.05.2016.

Јаневски има право во рок од 24 часа да се жали до Управен суд на оваа одлука на ДИК.

Милев побара ДИК да покрене кривична пријава против Јаневски.