Број на текстови објавени денес: 62

Дастин Хофман доби „Еми” за најдобар актер во ТВ филм

dustin-hoffman1

Дастин Хофман е добитник на Интернационалната награда „Еми” на Меѓународната академија за телевизиска уметност и наука за најдобра актерска изведба за ТВ-филмот на „Би-би-си“, „Roald Dahl’ѕ Esio Trot“ (Каскањето на Роулд Кал).

Други два британски филма – „Hoff the Record” и „Capital” ги добија наградите за ТВ-филм и минисерија.

Во категоријата „најдобра ТВ драма“ победи германскиoт филм „Германија 83“, a најдобра ТВ-актерка во светот е Кристиане Паул од Германија.

Ѕвездата од ТВ-серијата „Скандал”, Тони Голдвин ѝ ја врачи почесната награда на „Еми” на Шонда Рајмс, креаторката на американската серија „Вовед во анатомија“.