Број на текстови објавени денес: 10

Грците минаа викенд во потрошувачка треска

%d0%b3%d1%80%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d1%86%d1%80%d0%bd-%d0%bf%d0%b5%d1%82%d0%be%d0%ba

Илјадници Грци во петокот уште пред изгрејсонце стоеја во долги редови пред стоковните куќи, а големиот број автомобили ги блокираа патиштата во близина на шопинг центрите.

Многу Грци наспроти намалените плати и невработеноста одлучија да се придружат на шопингманијата, позната под името „Црн Петок“.

Во Атина, Солун и во другите големи грчки градови се формираа редици пред продавниците уште пред тие да ги отворат своите врати.