Број на текстови објавени денес: 49

Груевски не бил прислушуван

%d0%bb%d1%80%d0%bd%d1%86%d0%b5

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не бил следен според доказите што досега ги има СЈО.

Обвинителката Ленче Ристовска соопшти дека се уште чекаат одговор од уште еден телефонски оператор за да дадат конечна информација во врска со ова прашање.

Таа истакна дека Гордана Јанкулоска била прислушувана незаконски најмалку 732 дена, Миле Јанакисеки на едниот телефон 732 дена, на вториот 553 дена и на третиот најмалку 816 дена.

Али Ахмети бил прислушуван најмалку 338 на едниот број и 867 дена на другиот број.

Мендух Тачи бил следен најмалку 1.257 ден на двата телефона. Љубе Бошкоски бил следен најмалку 320 на едниот и 92 дена на другиот телефон. Муса Џафери најмалку 1.658 дена, Хари Костов најмалку 732 дена.