Број на текстови објавени денес: 0

Груби: УЧК е во Владата, албанскиот јазик е официјален

grub

Артан Груби во „Топ тема“ вечерва на Телма рече дека УЧК ја водела и се уште е во македонската Влада.

– УЧК го води Собранието, УЧК ги води општините во Македонија, рече Груби и потврди дека мнозинство од ветераните на УЧК во изминативе години се вработени во државната администрација, но и дека земаат плата и седат дома.

– Со Уставот албанскиот јазик е еднаков секаде, Уставот се однесува на цела територија, албанскиот јазик е официјален јазик во Македонија. Скопје е двојазично, албанскиот јазик секаде се зборува, Бутел ќе биде следна општина која ќе биде менаџирана од градоначалник Албанец, врз основа на политиките на ДУИ и демографските околности – рече Груби.