Број на текстови објавени денес: 13

Граѓаните купуваат зеленчук во супермаркет, намалена продажбата на зелените пазари

%d0%b7%d0%bf1

Откако големите супермаркети имаат мали зелени пазари, продажбата на градските зелени пазари е намалена за околу 20 проценти, беше денеска истакнато во Стопанска комора.

Даниела Михајловска-Василевска од Стопанска комора истакна дека за да се зголеми продажбата, потребна е модернизација на пазарите преку инвестиции во изгледот и во условите за пазарење, како и со воведување нови содржини на пазарите заради задржување на купувачите.

– Во многу градови низ Македонија, вклучително и во Скопје, во фаза е реконструкција, обнова на пазарите, па дури и изградба на нови пазари. При тоа, во голема мера се користи и искуството од веќе модернизираните пазари во земјите од регионот, преку изградба на нова инфраструктура, нови комунални решенија во делот на собирање и на рециклирање на отпадот, одржување на хигиената на пазарите, набавка и изработка на нови посовремени и помодерни тезги, начин на покривање на пазарите – истакна Михајловска-Василевска.

Според податоците од пазарите, во Македонија постојат околу 15.000 до 20.000 закупци на тезги, што значи дека повеќе од 10.000 семејства живеат од тргување на зелените пазари.

Сè уште нема статистички податоци за ниното влијание врз вкупната економска активност.