Број на текстови објавени денес: 49

Гран Канарија со Мекејлеб гостуваат во „Јане Сандански“

mzt-20-godini-proslava

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечер од 19 часот го пречекува тимот на Гран Канарија во дуел од Еврокупот.

За разлика од МЗТ Скопје кој досега нема победа во трите одиграни натпревари во Еврокупот, гостите од Лас Палмас за кои настапуваат поранешните македонски репрезентативци Лестер Бо Мекејлеб и Ричард Хендрикс се со максимален учинок од три победи.

Оваа средба ќе мине и во одбележувањето на победата на аеродромци над Реал Мадрид остварена пред две децении. Клубот на членовите на тогашниот тим на МЗТ Скопје, на полувреметоп ќе им додели подароци.

Во А групата на вториот вечерашен натпревар се среќаваат Цедевита и Нижни Новгород.

Слободна во ова коло е екипата на Лиеткабелис.

Табела: Гранд Канарија 3-0, (победи-порази), Нижни Новгород 2-1, Лиеткабелис 2-2, Цедевита 1-2 и МЗТ Скопје Аеродром 0-3.