Број на текстови објавени денес: 46

Градоначалничка и директорка за Мишел Обама: Доста ни е од мајмун на потпетици ФОТО

michelle-obama_416x416

Памела Ремзи Тејлор, директорка на непрофитабилна организација, и Беверли Валинг, градоначалничка на гратчето Клеј во Западна Вирџинија, се соочени со остра осуда на јавноста по расистичките коментари за првата дама на САД Мишел Обама, која, едната од нив ја нарекла „мајмун на високи потпетици“, пишува „Вашингтон пост“.

„Ќе биде освежувачки во Белата куќа повторно да имаме убава, достоинствена прва дама која има стил. Преку глава ми е да гледам мајмун на високи потпетици“, напишала Памела Ремзи Тејлор, директорка на „Клеј каунти дивелопмент корпорејшн“ на Фејсбук, по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.

Градоначалничката на Клеј, Беверли Валинг на тоа одговорила: „Ми го разубави денот Пам“, пренесе вашингтонскиот дневен весник повикувајќи се на локалната станица на телевизијата „Ен-би-си“.

Коментарите подоцна биле избришани, но претходно веќе се прошириле по социјалните мрежи. Покрената била и петиција двете жени да поднесат оставка која од понеделникот попладне ја потпишале 14.000 луѓе.

Беверли Валинг и Памела Ремзи Тејлор се извиниле за коментарите. Беверли Валинг рекла дека нејзините коментари не биле расистички.

– Јас сакав да кажам дека ми е разубавен денот поради промените во Белата куќа. Искрено ми е жал што тоа некого навреди рекла – таа за „Вашингтон пост“.

Весникот не можел да дојде до Памела Ремзи Тејлор, но на телевизијата било објавено дека таа се извинила на Фејсбук.

За Доналд Трамп гласаа повеќе од три четвртини од граѓаните на округот Клеј во кој белците се во огромно мнозинство.