Број на текстови објавени денес: 60

Го киднапирал клиентот и го претепал оти не му платил за орален секс

osnvoen-sud-veles-vlez-09112016042654

Млад велешанец, неодамна завршен средношколец е осуден на условна затворска казна од три месеци ако во следната година направи ново кривично дело, откако беше обвинет за  кривичното дело противправно лишување од слобода. Кривичното дело го сторил оти клиентот, возрасен маж, не му платил за оралниот секс. Настанот се случил на Божик годинава, во домот на момчето во утринските часови, откако двете лица имале орален секс а клиентот не платил, објави порталот Тирековмирече.

Момчето му се налутило на клиентот, па му ставил нож под грлото и го држел заклучен околу 40 минути во подрумот. Кога се вратил сега осудениот, со себе довел други две други непознати лица. Потоа тројца го удирале клиентот со тупаници по главата од жртвата здобила повреди на вилицата и носот, а обвинетиот му ставил црна капа на главата, кабел на вратот и го удирал по грбот.

Потоа го однеле клиентот во друга подрумска просторија каде го заклучиле и го држеле затворен околу 15 минути. Со ова тој сторил кривично дело противправно лишување од слобода за што е осуден.