Број на текстови објавени денес: 65

Голем пожар во Свети Николе, изгоре печатница, опожарени уште 6 други објекти

timthumb-32

Пожар беснееше утринава во Свети Николе, на улицата „Плоштад Илинден“.

Како што информира полицијата, од засега непознати причини настанал пожар во печатница „Цвај Дизајн“ лоцирана во Домот на културата „Крсте Мисирков“, при што истата целосно изгорела, а опожарен е инвентарот во холот на Домот, билетарата, помошните простории, а биле зафатени и простории на трговски друштва – пицерија „Леа“, кафе бар „Плаза“, бутик „Ива“, тобако „Куба“ и канцеларија на извиднички одред „Гоце Делчев“.

Пожарот е локализиран од екипа на противпожарната единица на Свети Николе.