Број на текстови објавени денес: 70

Голем пожар во Истанбул

turcija-istanbul-pozhar

Голем пожар избувна во фабрика за пластични производи во истанбулскиот кварт Бајрампаша.

Пламените брзо се раширија наоколу и при тоа пожарот ги опфати и соседните згради, јави турската телевизија „НТВ“.

На местото на несреќата се испратени многу пожарникарски возила.

Пожарникарите се обидуваат да ги изгаснат пламените во фабриката од каде се издига густ црн чад.