Број на текстови објавени денес: 0

„Големиот водач“ е уште поголем ако се знае што се јаде

vodac

Севернокорејскиот водач Ким Џонг Ун дневно „уништува“ десетина шишиња скапи француски вина и е голем љубител на сирењето ементалер, тврди неговиот поранешен готвач. Големиот водач можеби нема идилични односи со Западот, но тоа не го спречува да ужива во се што доаѓа оттаму. Тој обожува виски, жени и акциони филмови, но и француски вина и швајцарски сирења. Тоа го  тврди Кени Фуџимото, поранешен готвач за претседателското семејство кој успеал да избега од земјата. Тој тврди и дека диктаторот честопати организира долготрајни вечери со најубавите жени во Северна Кореја, во текот на кои испива и до десет шишиња вино од Бордо.

„Поради љубовта кон виното тој станал и алкохоличар, а со оглед на фактот и дека многу јаде, водачот сега има околу 130 килограми, вели Фуџимото. Ементалерот наводно го засакал во текот на школувањето во Швајцарија, а се верува дека своите готвачи во 2014 година ги испратил во Франција за да научат како да го направат неговото омилено сирење. Не бил задоволен од резултатот, па само за своите потреби, прави увоз од Европа.

Британските медиуми претпоставуваат дека Ким поради прејадувањата развил и дијабет и воспаление на зглобовите, болести поврзани со вишокот на килограми. Исто така, некои мислат дека Ким намерно се здебелил за да наликува на неговиот покоен дедо Ким Ил Сунг.