Број на текстови објавени денес: 70

Говорот на телата ги издаде Обама и Трамп (ГАЛЕРИЈА)

tramp-obama1

Ден по победата на Доналд Трамп, актуелниот претседател на САД, Барак Обама, го покани во Белата куќа на состанок за да се договорат за примопредавањето на власта.

Иако се прикажуваше како пријателска, нивната средба била тензична за што сведочат фотографиите. Експертот за говор на телото Пет Вуд ја анализираше првата средба на Обама и Трамп, по победата на Трамп.

– Обама делуваше екстремно исцрпено, воздржано и без надеж, додека Трамп изгледаше несигурно и сериозно, а можеби и исплашено. Ако го погледнете начинот на кој двајцата седат, ќе видите дека се во положба на алфа мажјаци кои порачуваат „Јас сум маж“ – изјави Вуд за „Дејли меил“.

 

Нозете на Обама се нешто повеќе раздвоени, со што порачува дека е надмоќен. Рацете на Трамп беа во позиција „спуштена молитва“.

– Ваквата положба на рацете не е баш типична за лицата кои се одбрани да бидат претседатели и мислам дека таквата несигурна положба на рацете е последица на тоа што се соочува со нешто што не го познава. Кога започнува говорот, Трамп се држи сам себе за рака и тоа укажува дека има потреба да се охрабри себе си. Положбата на телото на Обама, пак, не е типична за него, и тоа што ги одмора рацете на нозете говори дека е уморен – објаснува Вуд.

За разлика од нив, средбата меѓу двете први дами Меланија Трамп и Мишел Обама поминала во попријатна комуникација.