Број на текстови објавени денес: 65

Гласање во дијаспората ќе има, прифатени 8.258 гласачи

DIK

Заклучно со денеска,  до 14 часот, преку веб апликацијата на ДИК поднесени се вкупно 10.235 пријави од граѓани за гласање во странство. Од нив, 8.258 пријави се прифатени, 166 се одбиени, а останатите се во обработка. Најголем број на пријави, по над 1000, до сега се поднесени за гласање во Берн, Венеција и Детроит. Ова значи дека избори во дијаспората ќе се организираат но се уште е неивесно дали ќе биде избран пратеник бидејќи се воведе цензус за избор. За кандидатот да стане пратеник треба да освои најмалку 6.478 гласови.

ДИК напоменува дека најголем дел од одбиените пријави се одбиени од причина што граѓаните наместо документ издаден од надлежен орган на странската држава, како доказ во својата пријава приложиле документ издаден од орган на Република Македонија.

ДИК ги потсетува граѓаните дека документи кои се прифаќаат како потврда за докажување на привремен престој во странство повеќе од три месеци или за привремена работа или престој во странство повеќе од една година се следниве:

– Лична карта, издаденa од надлежен орган на странска држава,

– Потврда издадена од надлежен орган на странска држава, за живеалиште, престој или адреса на лицето во странската држава,

– Дозвола за работа издадена од надлежен орган на странска држава,

– Работна, студентска или виза за престој над три месеци во странска држава,

– Возачка дозвола издадена од надлежен орган на странска држава, во која е наведено дека лицето има живеалиште во странската држава,

– Македонски дипломатски пасош или друг документ со кој се докажува дека лицето е вработено во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство односно конзуларните канцеларии, и

– Друг документ со кој се докажува дека лицето е на привремен престој во странство повеќе од три месеци, или на привремена работа или престој во странство повеќе од една година.

До вчера, 3 ноември, до 19:00 часот, во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК низ државата јавен увид во Избирачкиот список извршиле вкупно 4.236 граѓани.

Во однос на пријавувањето на 29.858 граѓани чии записи по извршените вкрстени и теренски проверки останале неконзистенти во Избирачкиот список, ДИК информира дека заклучно со денеска, 7 ноември, до 14:00 часот, преку веб апликацијата пријавување за запишување во Избирачкиот список извршиле вкупно 552 граѓани. Од нив, 540 пријави се прифатени, 4 се во обработка, а 8 се во фаза на разгледување.