Број на текстови објавени денес: 0

Германски полицајци соработувале со екстремисти

image34

Двајца германски полициски службеници се суспендирани од своите работни места поради наводни контакти со радикални противници на Владата во Берлин, кои убиле нивни колега за време на претрес на нивниот дом минатиот месец.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Јавното обвинителство и полицијата во Баварија денеска соопштија дека двајцата полицајци одржувале контакти со осомничените десничарски радикали пред да се случи убиството на полицаец во градот Горгенсгмуенд на 19 октомври.

Властите не ги објавуваат имињата на полицајците, ниту природата на контактите меѓу нив и осомничените екстремисти.

Според баварското обвинителство, полицајците биле во контакт со поддржувачи на движењето Граѓани за Рајхот, кои пукале врз полициската патрола која дошла да им го одземе оружјето за кое предходно била укината дозволата за поседување.

Движењето Граѓани за Рајхот не ја признава легитимноста на германските власти по Втората светска војна, поради што е под мониторинг на германските служби за безбедност.