Број на текстови објавени денес: 0

Германија ќе почне со депортација, први на удар над 12.000 Авганистанци

%d0%bc%d0%b8%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%bd%d1%82%d0%b8-%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%bc%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0

Германската Влада планира да депортира 12.500 државјани на Авганистан, и покрај лошата ситуација во нивната земја, пишува денеска весникот „Ноје оснабрукер цајтунг“.

Германскиот весник се повикува на писмен одговор на Владата на прашање од парламентарната група на партијата „Левица“.

Според оценки на Министерството за внатрешни работи, во Германија има околу 247.000 Авганистанци.

Владата во Берлин смета дека безбедноста на овие луѓе ќе им биде гарантирана во големите авганистански градови.