Број на текстови објавени денес: 46

Германија ќе ги сели од Турција своите воени авиони

images-47

Германија поради влошените односи со Анкара размислува за преместување на своите воени авиони, кои учествуваат во меѓународната мисија против групата Исламска држава, од Турција во Јордан, Кувајт или Кипар.

Германското Министерство за одбрана соопшти дека бара алтернативни локации на военовоздухопловната база Инџирлик во Турција по барање на Парламентот.

Весникот „Билд“ објави дека воени претставници од Германија планираат утре да заминат во Аман. Весникот наведува дека евентуалното дислоцирање на германските разузнавачки авиони „Торнадо“ од базата во Турција би траело неколку недели.

Авионите на германските ВВС моментно не учествуваат во воени операции.