Број на текстови објавени денес: 0

Генијален постер на умрени славни личности во 2016 година ФОТО

poster-na-slavni-pocinati

Твитерџиката Кристи Бракер го освои целиот интернет со својата величествена фотомонтажа на сите славни личности кои умреле оваа година. Повеќе од 40 музичари, спортисти, актери и ТВ-лица кои починаа годинава се нашле на постерот кој по само неколку часа станал вирален.

Кристи била инспирирана од обвивката на легендарниот албум на „Битлси“ (Sgt’ Peppers Lonely Hearts Club Band), а првата верзија на постерот се споделувала на интернет без ликот на Леонард Коен, кој почина во петокот. Кристи на финалната верзија го додала и ликот на Коен па Твитер заедницата запрашала колку имиња од постерот знаат.